Дома Фудбал Италија Серија А од денеска во рацете на банкар од Сицилија

Серија А од денеска во рацете на банкар од Сицилија

Италијанската Серија А беше без “кормилар” повеќе од година дена, откако Маурицио Берета замина од функцијата претседател во март 2017. година.

После 12 месеци неуспешни обиди за избор на нов претседател на најелитното италијанско фудбалско натпреварување, на денешниот состанок со претставниците од 20. клубови во Серија А, одлучено е таа функција да се додели на Гаетано Мичике.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мичике доби едногласна поддршка, и на чело на Серија А ќе го замени првиот човек на Олимпискиот комитет на Италија , Џовани Малага кој привремено ја вршеше должноста претседател на италијанската лига.

Инаку, Мичике е прв човек на банката ИМИ, а роден е пред 68 години во Палермо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Димитриевски ја напушта Валенсија – ќе оди на позајмица

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски најверојатно ќе го напушти тимот на…