Мемфис Депај во овој момент е со репрезентацијата на Холандија на Европското првенство, а по турнирот ќе има нов клуб.
Тој повторно стана слободен играч, откако го раскина договорот со Атлетико од Мадрид и повторно ќе ги избира најдобрите понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Џанлука Ди Марцио, Депај е посакуван од Милан и е голема желба на новиот тренер на „росонерите“ Паоло Фонсека.
Депај може да игра повеќе позиции во нападот, а со оглед на тоа што е слободен, секако е интересна опција.
Депај во својата кариера настапуваше за гиганти како Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега би можел да заигра и во италијанскиот фдбал.