Дома Фудбал Лига на шампиони Серија А доминира во тимот на колото во Лигата на шампионите

Серија А доминира во тимот на колото во Лигата на шампионите

Второто коло од Лигата на шампионите е зад нас, а беше обележано се хет-трикови.

Избран е најдобриот тим во второто коло од Лигата на шампионите и во него место добија дури петмина фудбалери од италијанските клубови – Јувентус и Рома, кои забележаа убедливи победи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Победа вчера запиша и Наполи против Ливерпул, но во идеалниот тим немаше место за некој од избраниците на Анчелоти.

На голот е Нето од Валенсија, додека дефанзивната линија ја сочинуваат Алба (Барселона), Алекс Телес (Порто), Леонардо Бонучи (Јувентус) и Флоренци (Рома).

Во средниот ред се најдоа Кутињо (Барселона), Марко Ројс (Б.Дортмунд) и Ченгис Ундер (Рома).

Нападот е составен од фудбалерите кои постигнаа по три погодоци. Тоа е Нејмар (ПСЖ), Дибала (Јувентус) и Един Џеко (Рома).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мајсторски гол на Миовски за Ренџерс во шкотскиот шампионат (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски стрелаше во победата од 5-1 на Ренџерс против Килмарнок…