Дома Фудбал Италија Серија А го менува форматот за поголема гледаност: Ќе се игра плеј-оф?

Серија А го менува форматот за поголема гледаност: Ќе се игра плеј-оф?

Претседателот на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гарвина најави дека размислува да го промени стандардниот формат на Калчо-лигата.

Гарвина признал за италијанските медиуми дека интересот е опаднат, па размислуваат за промена со која лигата би станала поинтересна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Можно е Серија А да се промени. Размислуваме првенството да се игра во три фази. Постои одреден страв за таков формат затоа што плеј-офот може да ги казни клубовите кои почесто победуваат и повеќе вложуват. Меѓутоа мораме нешто да направиме за првенството да стане поинтересно. Во овој момент со овој формат ризикуваме да изгубиме уште повеќе гледачи“.

Според зборовите на Гарвина ова би можело најмногу да влијае на Јувентус кој подолго време доминира во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лорис изведе една од најнеобичните одбрани на пенал (ВИДЕО)

ХУГО ЛОРИС (38) изведе една од најнеобичните одбрани на пенал. Со помош на својата нога и …