Дома Фудбал Сержи Роберто потпиша и изјави: Сакам да се пензионирам во Барселона!

Сержи Роберто потпиша и изјави: Сакам да се пензионирам во Барселона!

Сержи Роберто денес и официјално стави потпис на нов договор со Барселона и се оврза на вертност кон Каталонците до 2022 година.

После потпишувањето на договорот Сержи Роберто не можеше да ја сокрие радоста и истакна дека сака до крајот на кариерата да остане на „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Од секогаш сум сакал да бидам тука, бидејќи за овој клуб навивам уште од дете. Знаев дека постои интерес од други клубови, но сум среќен што потпишав нов дововор. Се надевам дека ова нема да биде последен со овој клуб“, истакна Роберто.

„Мојата желба е да се пензионирам како играч на Барселона. Сакам да одам по стапките на Иниеста и Меси. Се уште сум млад и треба да изодам голем пат, но до тука стигнав со многу работа“, додаде Сержи Роберто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…