Дома Останати Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Серена, Федерер и Реал Мадрид најдобри за 2017 година!

Aмериканската тенисерка и швајцарскиот тенисер се прогласени за најдобри спористи, а Реал Мадрид за клуб на годината.

Меѓународната унија на спортски новинари ги избра најдобрите спортисти и спортски колектив за годината која изминува. Дури 517 претставници на медиумите од 112 држави го дадоа својот глас.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На крајот за најдобри беа изгласани Серена Вилијамс и Рожер Федерер за спортисти на годината. Зад Американката останаа Катинка Хошу (пливање) и Алисон Феликс (атлетика). За Федерер ова е четврто вакво признание со што се изедначи со Јамајканецот, Усаин Болт. Второто место во машка конкуренција му припадна на Кристиано Роналдо, а третото на Лионел Меси.

За најдобар спортски колектив за 2017 година беше избран Реал Мадрид пред германската фудбалска репрезентација и Голден Стејт Вориорси од НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Капитенот Никола Ѓорѓиев има нов клуб, ќе игра во Чешка!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, од денеска и официја…