Сергеј Милинковиќ Савиќ нема ништо против да се пресели во Милан.
Италијанските медиуми пишуваат дека рекол „да“ во контактите со Леонардо, но „Росонерите“ ќе мора да вложат големи пари за да го доведат од Лацио. Целта на Србинот е играње во Лигата на Шампионите, во овој момент со Лацио тоа изгледа како тешка мисија, иако ништо не е загубено.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е тајна дека Сергеј ќе биде прва цел со Милан, доколку клубот се пласира во Лигата на Шампионите и дека „Елиот“ е подготвен да вложи големи пари во засилувања. Од другата страна, треба да се почека Лацио, Лотито е познат по неразбирливите барања, се споменува и ПСЖ, иако тој повеќе би сакал да остане во Италија, веројатно би бил центар во новиот проект на Милан.
Ќе го чека крајот на сезоната, но ако Лацио повторно не се најде во европската елита, сигурно дека Србинот ќе го напушти Рим.