Фудбалерите на Вулверхемптон направија мала сензација со елиминацијата на Ливерпул во четвртото коло во ФА купот, откако славеа на „Енфилд“ со 2:1.
По поразите од Свонси во првенството и Саутемптон во полуфиналниот реванш во Лига купот, Ливерпул загуби уште еден меч на домашен терен. Прв пат во ерата на Клоп Ливерпул има низа од три порази.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Вулверхемптон на „Енфилд“одигра тактички беспрекорно, цврсто на средината и во одбраната, не му дозволи на Ливерпул да развие игра. Во нападот гостите беа исклучително опасни во контранападите.
По првите 45 минути гостите стекнаа предност од два гола, Стирман во првата и Вајман во 41-та минута беа стрелци на головите. Ливерпул успеа да намали во 86-та минута преку Ориги, но со исклучок на голот неговите играчи не направија конкретна шанса на овој меч.
,, by ReplayFootCom