Дома Останати Тенис Сензација во квалификациите за Австралија Опен: Јутјубер го елиминираше поранешниот 18. играч во светот

Сензација во квалификациите за Австралија Опен: Јутјубер го елиминираше поранешниот 18. играч во светот

Уште на стартот од 2024 година имаме едно големо изненадување во светот на тенисот. Францускиот јутјубер Жил Мари го победи Беноа Пер кој е некогаш беше 18-ти во светот на стартот од квалификациите за Австралија Опен.

Мари славеше со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4). Тој има 32 години и на социјалните мрежи собрал над 100.000 следбеници и најчесто објавува содржини поврзани со тенисот со кој посериозно се занимаваше до 2015 година. Во таа година стигна до 228. место на АТП листата и доби можност да игра во квалификациите за Ролан Гарос.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


По серијата од седум порази се повлече и продолжи да игра само по локални турнири. Во време на ковид-пандемијата отвори YouTube канал и набрзо стигна до голема бројка следбеници. За да стигне до главниот ждреб на Австралија Опен потребни му се уште два триумфи. Негов следен противник ќе биде Александар Ричард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пукна љубовта: Ана Ивановиќ избриша сè освен една слика со Швајнштајгер (Фото)

Светот сè уште зборува за Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, а поранешната српска тенис…