Управата на Баерн Минхен денес за во 12 часот закажа вонредна прес-конференција која предизвика лавина коментари.
Љубителите на фудбалот ширум светот претпоставуваат што би можело да се случи, а многумина сметаат дека ќе биде објавен отказот на Нико Ковач.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, британски „Дејли Мирор“ отиде чекор подалеку и наведува дека ќе биде објавено името на новиот тренер на Баерн, а тоа би можел да биде – Арсен Венгер!
Ќе потсетиме, Венгер е без работа откако на крајот на минатата сезона го напушти Арсенал, а пред неколку дена изјави дека има понуди и дека ќе започне со работа на 1-ви јануари.
„Дејли Мирор“ тврди дека ситуацијата во Баерн е доволна причина Венгер да го скрати одморот и да започне со работа кон средината на октомври.
На денешната прес-конференција ќе присуствуваат Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, последен пат кога сите тројца седеа на една конференција беше објавено враќањето на Јуп Хејнкес.
Што ќе се случи ќе дознаеме денес во 12 часот.
Arsene Wenger to become Bayern Munich's next head coach. [@llirik2000] pic.twitter.com/2PrBoZyBs2
— LTArsenal™ (@ltarsenal) October 18, 2018
Bayern Munich have summoned the media to a press conference for Friday at 12pm. Uli Hoeness, Karl-Heinz Rummenigge and Hasan Salihamidzic have something MAJOR to report.
There are rumours suggesting that Arsène Wenger will become new FCB manager. #AFChttps://t.co/F1Oh88SVf8
— Cannon Insider (@CannonInsider) October 18, 2018