Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, г-дин Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојните бараж натпревари со репрезентацијата на Романија за обезбедување пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.
Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт, Романија на 17.04.2021 во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21.04.2021 во 17:00 часот во СЦ Јане Сандански.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Собирот е закажан за ден 12.04.2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во Хотел Русија во Скопје.
СПИСОКОТ НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Фото: РФМ