Дома Фудбал Репрезентации Селекторот потврди: Дибала не е во репрезентацијата поради приватни проблеми

Селекторот потврди: Дибала не е во репрезентацијата поради приватни проблеми

Aргентинската фудбалска репрезентација соопшти дека Паоло Дибала поради приватни проблеми подоцна ќе се појави на репрезентативниот собир.

Дибала доби повик за пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија, а привремениот селектор Лионел Скалони на конференцијата за новинарите потврди дека Дибала поради „приватни проблеми“ ќе пристигне подоцна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имаше некои приватни проблеми и доби моја дозвола. Мислам дека е важно, побрзо да ги реши и да ни се придружи подоцна кога ќе биде повеќе потребен“, порача Скалони.

Скалони потврди дека Икарди ќе биде дел од тимот за во петок за Гватемала, но нема да биде стартер.

„Ќе биде тука за натпреварот со Колумбија, како и против Гватемала, но во петок нема да биде стартер, тоа е моја одлука“, заврши Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…