Многу реакции во спортската јавност предизвика фотографијата на Ибрахимовиќ во дресот на Шведска.
Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ објави фотографија на која е во дресот на Шведска и под неа напиша: „Долго не сме се виделе“. Ова многумина го сфатија како најава за негово враќање во репрезентацијата. Сепак селекторот на Шведска, Јане Андерсон не смета така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се зборуваше дека таа фотографија има некакво значење, дека Златан има некаков план. Но, јас не разбирам за што станува збор, нема да губам време на вакви разговори“, изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ репрезентативната кариера ја заврши во 2016 година.