Дома Фудбал Репрезентации Селекторот кој ги водеше Меси и друштвото до финале на СП итно хоспитализиран

Селекторот кој ги водеше Меси и друштвото до финале на СП итно хоспитализиран

Само неколку дена по смртта на Диего Марадона пристигнуваат нови лоши вести од Аргентина.

Имено, селекторот кој ја водеше Аргентина до финалето на Светското првенство Алехандро Сабеља (66) е итно хоспитализиран во областа Белграно во Буенос Аирес. Сабеља во болница бил примен минатата среда, се пишуваше дека ситуацијата му се подобрува, но сега аргентинските медиуми јавуваат дека неговото здравје се влошило.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сабеља на Кардиоваскуларниот институт во Буенос Аирес беше донесен поради задржување на течности во телото и беше задржан на дополнителни тестови. Како што се пишуваше неговото здравје се подобруваше, меѓутоа сега фатил болничка инфекција што му предизвикала срцева слабост.

Еден од најлегендарните аргентински Хуан Себастијан Верон објави фотографија во знак на поддршка на Сабеља. Верон со Сабеља соработуваше додека беше играч на Естудијантес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …