Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Лихтентштајн се жали: Македонија победи на нечесен начин

Селекторот на Лихтентштајн се жали: Македонија победи на нечесен начин

Maкедонија вчера славеше победа против Лихтенштајн и така стигнавме на чекор од обезбедување пласман во плејофот од Лигата на Нации

Нашите фудбалери го победија Лихтенштајн со резултат 0:2. Погодоците за нашата селекција ги постигнаа Енис Барди од слободен удар и Илија Несторовски во финишот од натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на Лихтенштајн Рене Паурич по натпреварот се пожали дека сме победиле на нечесен начин и дека на вакво нешто тој не бил никогаш претходно сведок.

„Македонија успеа да не победи на нечесен начин. За мене не е нормално на ваков начин да освоите три бода. Непосредно пред првиот гол, наш фудбалер лежеше повреден, но македонските фудбалери продолжија да играат и добија слободен удар од кој стигнаа до предност. Вакво нешто искрено не сум видел претходно, ова не беше спортски. Доколку тие го почитуваа фер-плејот ќе освоевме бод и тоа ќе беше заслужено“, смета Паурич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…