Дома Топ вести Седнувајте пред ТВ: Пред нас е викенд со супер натпревари!

Седнувајте пред ТВ: Пред нас е викенд со супер натпревари!

Викендот кој веќе започна е вистински празник за сите љубители на фудбалот, денес не очекува едно супер дерби, додека утре ќе ги има и повеќе.

Денес од 20:45 гигантите од Милано, Милан и Интер ќе ги одмерат силите и тоа практично ќе биде најава за супер неделата која следи утре. Утре се игра „вечното дерби“ во соседтвото, Челзи и Ливерпул играат во Премиер лигата…

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


МИЛАН – ИНТЕР (денес 20:45 часот)

Во каква и состојба да се двата или некој од овие два тима миланското дерби секогаш има посебен шмек. Во 295-тата или 224-та официјална нивна пресметка во историјата Интер ќе биде фаворит поради моменталната форма. Интер во Серија А има максимален учинок од три победи во првите три кола со гол разлика 7:1. Сепак во овој натпревар влегуваат со реми против Славија во ЛШ. Милан пак и оваа сезона не стартуваше баш најдобро, но успеа да собере шест бода во првите три кола. Верона минатото коло ја победија, меѓутоа добија голем број критики за играта.

ПСВ – АЈАКС (утре 16:45)

Овие два тима минатата сезона водеа трка за титулата до последното коло. Ќе биде за нив ова 168-ма пресметка. Ајакс има 72 победи, додека ПСВ има 15 помалку. Во овој момент имаат ист број на табелата и кој ќе победи ќе го превземе врвот на табелата.

ЧЕЛЗИ – ЛИВЕРПУЛ (утре 17.30 часот)

Освојувачите на Лигата на Европа и Лигата на шампионите од минатата сезона ќе се сретнат на „Стенфорд Бриџ“ и ова ќе биде прв посериозен испит за Ливерпул кој им супер старт (пет победи во пет натпревари). Во Суперкупот на Европа натпреварот заврши 2:2, а Ливерпул триумфираше после изведувањето на пенали. Ливерпул ја има улогата на фаворит, но интересно е што во последните 17 натпревари Челзи има седум победи, Ливерпул четири.

ПАРТИЗАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (утре 18 часот)

„Вечното дерби“ секогаш се следи со посебно внимание на Балканот. Оваа сезона и двата српски клуба настапуваат во Европа, Партизан во ЛЕ, Звезда во ЛШ и поради тоа навивачите очекуваат и поголем квалитет во нивната 161-ва пресметка. Атмосферата се загреа со минатонеделните судиски грешки во корист на Звезда, а навивачите на Партизан порачаа на фудбалерите ако нешто такво се случи во овој натпревар да го напуштат теренот.

ЛИОН – ПСЖ (утре 21:00 часот)

Ова дерби нема некоја голема традиција, меѓутоа од кога Арапите влегоа во клубот од Париз нивното гостување се гледа со посебни очи кај клубовите со поголема историја. Лион е тим кој беше шампион на Франција седум пати по ред, сега улогите се променети па ПСЖ е фаворит како во овој натпревар така и во сезоната. Но, мора да се истакне дека на последните две гостувања ПСЖ кај Лион губеше со по 1:2.

Уште два интересни натпревари ќе се играат и во Грција таму ќе се сретнат Панатинаикос – Олимпијакос (утре 19:30 часот) и ПАОК – АЕК (утре 17:30 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …