Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Сите мислеа дека ќе загубиме, сега не чека реванш пред полн стадион

Седлоски: Сите мислеа дека ќе загубиме, сега не чека реванш пред полн стадион

Фаворизираниот Динамо не успеа да го победи македонскиот шампион Шкупи во првиот натпревар во Загреб (2:2).

Натпреварот на стадионот Максимир заврши 2:2, што значи дека одлуката за патникот во следното коло од ЛШ ќе биде донесена во Скопје следниот вторник.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Честитки за играчите на двете екипи, навистина врвен натпревар, прав европски. Начинот на кој го одигравме првото полувреме, тоа е она што го барам од моите играчи. Му честитам на колегата Чачиќ за фер и коректната игра, се уште е отворено, има уште 90 минути да се игра во Скопје. Динамо и понатаму е фаворит, не е важен денешниот резултат, се претставивме на добар начин, а сега за реваншот не чека полн стадион“, изјави Седлоски по мечот.

„Сите мислеа дека ќе дојдеме во Загреб и ќе загубиме убедливо, сите знаеме кој е Динамо. Но, мојот тим го даде и последниот атом од силите. Имавме проблеми во Гибралтар, но денеска беше поинаку, затоа фудбалот е интересен. Па, дојдете во Скопје, ќе јадеме ќебапи и ќе видиме кој ќе оди понатаму“, додаде тренерот на Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…