Дома Македонски спорт Седлоски повторно демантира: Не сум во Загреб по работа!

Седлоски повторно демантира: Не сум во Загреб по работа!

Македонската фудбалска легенда и поранешен тренер на ФК Вардар Гоце Седлоски ги демантираше најавите дека наскоро ќе потпише договор со хрватскиот Динамо Загреб.

Седлоски е вистинска „икона“ во тимот на Динамо, тој долго време го носеше дресот на клубот од Загреб, навивачите го обожаваат, па токму поради тоа посетата на Седлоски во Загреб крена огромна прашина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во овој момент на клупата на Динамо работи Марио Цвитановиќ, па Гоце демантираше дека би бил негов наследник.

„Апсолутно, нема никаква вистина, не сум дојден тука по работа, тука сум само како турист. Имам добри пријатели и само сакав да ги посетам. Како што веќе кажав претходно, Динамо си има тренер“, изјави Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…