Дома Топ вести СЕГА Е ГОТОВО: Комплетирана трампата на векот во Серија А!

СЕГА Е ГОТОВО: Комплетирана трампата на векот во Серија А!

Италија на нозе. Спектакуларната трампа помеѓу Милан и Јувентус и дефинитивно е комплетирана – Игуаин и Калдара се селат во Милано, Бонучи се враќа во Торино.

Јувентус и Милан постигнаа договор уште пред неколку дена, а договорот предвидуваше размена помеѓу Бонучи и Калдара, плус трансфер на Игуаин за сума од 54 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Притоа, Аргентинецот ќе трансферира во Милано на едногодишна позајмица за 18 милиони евра, а следното лето „росонерите“ ќе го откупат неговиот договор за додатни 36 милиони евра.

Вчера се појавија потешкотии при реализација на договорот на Игуаин со Милан и Јувентус, но денес сите страни постигнаа комплетен договор.

Буквално сите медиумите во Италија потврдија дека трампата е комплетирана, па сега останува уште да се извршат медицинските прегледи. Игуаин се очекува да пристигне во Милано утре, а прегледите ќе се обават во петок.

Бонучи ќе потпише 4-годишен договор со Јувентус тежок 5,5 милиони евра по сезона. Игуаин 4-годишен договор со Милан вреден 7,5 милиони евра по сезона, додека Калдара ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ тежок 2 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…