Дома Фудбал Севиља поради расизам исфрли свој навивач од стадионот: Клубот излезе со соопштение

Севиља поради расизам исфрли свој навивач од стадионот: Клубот излезе со соопштение

Фудбалскиот клуб Севиља исфрли навивач од својот стадион и поднесе полициска пријава откако тој наводно покажал „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на домашниот натпревар против Реал Мадрид во Примера.

Во соопштението Севиља не прецизираше за какво однесување станува збор, ниту пак кој бил цел на нападот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор во неколку наврати беше цел на расистички напади на противничките навивачи.

Соопштението на Севиља беше објавено набргу по крајот на натпреварот со Реал (1:1).

Севиља рече дека „го осудува секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и изолиран случај како овој, и ја изразува својата подготвеност да соработува со властите за да се искоренат овие ставови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го заврши бојкотот – се придружи на тимот на Ал-Наср!

По кратка пауза поради одлуките на Саудискиот јавен инвестициски фонд за управување со буџ…