Шпанскиот офанзивец, Дани Себаљос ја исклучи можноста да остане во Арсенал, позајмици повеќе не сака.
Себаљос ги минува последните денови на „Емирати“ затоа што доаѓа крајот на позајмицата од Реал Мадирд и Шпанецот нема намера да се задржува на Островот. Креативниот играч за врска стигна пред две сезони во Арсенал, а после едногодишната позајмица истата беше продолжена за уште толку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега призна дека доаѓа крајот на неговиот период во Арсенал.
„Лошо си поминав затоа што ја немав доследноста која ја имав минатата година. Само пет или шест натпревари одиграв на добро ниво. Да бидам искрен, Примера повеќе ми се допаѓа. Премиер лигата е покомплетна, но за мојот стил на игра Примера е подобра. Уште една позајмица би била тешка и за двете страни и за Реал Мадрид и за мене“, изјави Себаљос.
Сонува за враќање во Бетис.
„Во август ќе наполнам 25 години и морам да пронајдам клуб во кој ќе се чувствувам важен. Така ќе ја избирам новата средина. Имам голема наклонетост кој Бетис, навивач сум на овој тим и го гледам секој нивни натпревар. Мануел Пелегрини е навистина добар тренер“, порача Шпанецот.