Англиските медиуми пренесуваат дека на денешниот тренинг на Арсенал се случил голем скандал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиски „Атлетик“ вечерва објави дека на тренинг на Арсенал дошло до жестока тепачка во која учествувале Давид Луиз и Дани Себаљос.
Луис бил нервозен поради еден прекршок кој го направил Себаљос и одлучил да се пресмета со него. Шпанецот одговорил на провокациите од Бразилецот, а тогаш Луиз го удрил во носот.
„Атлетик“ пишува дека Себаљос завршил на земја и од носот почнало да тече крв. После тоа реагирале соиграчите кои спречиле дополнителен инцидент, а лекарскиот тим му укажале помош на Себаљос.
Сигурно дека лондонскиот клуб ќе ги казни актерите во овој инцидент, а како што стојат работите најлошо ќе помине Луиз.