Шпанскиот фудбалер Дани Себаљос и наредната сезона ќе игра на позајмица во Арсенал.
Себаљос ја помина претходната сезона во лондонскиот клуб, но потоа се врати во Реал Мадрид. Сепак, јасно е дека Зинедин Зидан не смета на него и одлучи дека е најдобро за нова позајмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа челниците на Арсенал стрпливо го чекаа бидејќи имаа голема желба повторно да го вратат Себаљос на Емирати. Тоа им успеа – лондонскиот клуб синоќа потврди дека Себаљос и следната сезона ќе го носи дресот на Арсенал.
Арсенал договори со Реал Мадрид нова едногодишна позајмица и ќе имаат прилика следното лето да го откупат неговиот договор, но се уште не е познато за колку пари.
Овој 24-годишен играч претходната сезона одигра 37 натпревари во дресот на Арсенал со кој го освои ФА Купот.