Група свештеници се спротиставија на идејата стадионот на Наполи да се вика Диего Армандо Марадона.
Марадона почина пред една недела како последица на срцев удар, а градоначалникот на Наполи веднаш започна постапка стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во Диего Армандо Марадона и наскоро се очекува се да биде завршено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако идејата им се допадна на сите во Наполи, група свештеници од Неапол испратија писмо до општината барајќи да се запре постапката.
„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се именува по светенцот кој нас ни го донесе Исус. Со понизост чувствуваме одговност тоа ви го кажеме. Би било стадионот да се вика „Сан Паоло – Марадона“. Тоа би било компромис во кој би ја почитувале верата и би оддале почит на шампион како Марадона“, стои во соопштението.