Лионел Меси вчера одигра одличен натпревар и обезбеди на Барселона голема победа од 3:0 во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Настапот на Меси со воодушевување се проследи од сите делови на светот, а како играше Меси зборуваат и насловите страни на најпознатите спортски медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Марка“: Ливерпул доминираше, но Бог владее во својот храм.
„АС“: Фудбалски папа
„Тајмс“: Величенствениот Меси ги сруши соништата со слободен удар за сите времиња.
„Телеграф“: Маестро Меси заби нож во срцето на Ливерпул
„Оле“: Животно
„Л’Eкип“: Ѓаволот ја води Барселона во Мадрид
„Билд“: Меси го размонтираше Клоп
„Бола“: Го вклучи „Божјиот муд“ и ја испрати Барселона со една нога во финале.
Секако, најголемо внимание привлекуваат големите пофалби од страна на медиумите со седиште во Мадрид, „АС“ и „Марка“.
Барселона ја чека реванш, но со предноста која им ја обезбеди Меси голем дел од фудбалската јавност ги смета за сигурни финалисти.