Дома Македонски спорт Светскиот вицешампион Емил Павлов на прием во АМС

Светскиот вицешампион Емил Павлов на прием во АМС

Денеска директорот на Агенција за млади и спорт одржа прес-конференција по повод историскиот успех на македонските каратисти на 25-то сениорско Светско првенство во Дубаи. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски по овој повод изјави дека македонските каратисти со овој успех покажаа и потврдија дека се врвни спортисти од светски ранг. АМС, како и досега, ќе продолжи финансиски да ги поддржува нашите каратисти на сите големи натпреварувања.

Селекторот Кузмановски по овој повод изјави дека нема да застанат тука и се надева дека на следните големи натпреварувања нашите каратисти ќе постигнат и поголеми успеси. По овој повод, селекторот Кузмановски истакна дека сите големи натпреварувања ги започнуваат и ги завршуваат од Агенцијата за млади и спорт и дека е благодарен за поддршката што ја добиваат од страна на Агенцијата, како и дека се надева дека таа ќе продолжи и во иднина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Емил Павлов со пет победи и еден пораз во финалето од страна на светскиот првак го заврши Светското првенство со сребрен медал. Ова претставува историски успех за македонското карате и историски успех на сите досегашни натпреварувања од страна на нашите каратисти. По повод овој успех, Емил Павлов од страна на Агенцијата ќе добива паричен надомест во период од четири години, и тоа во износ од 2 просечни плати во РСМ.

Во екипно натпреварување нашите каратисти го освоија високото седмо место. Во оваа категорија се натпреваруваа: Емил Павлов, Петар Заборски, Берат Јакупи, Жарко Арсовски и Фахик Весели. Во врска со екипните натпреварувања, Кузмановски изјави дека Емил Павлов, и покрај тоа што следниот ден требало да се натпреварува за златен медал, сепак, безрезервно влегол и во тие борби со цел нашата репрезентација и во екипна категорија да постигне што е можно поголем резултат. Но, како што нагласи, во рамноправна борба изгубиле од репрезентацијата на Србија.

Голем успех постигна и младиот Александар Неделковски, кој го освои седмото место во категоријата ката. Неделковски во оваа категорија беше најмладиот спортист, што претставува огромен успех за нашата земја, како и мотив дека во иднина ќе постигнува и поголеми резултати. По повод овие успеси, директорот на Агенцијата за млади и спорт на каратистите им врачи признанија. Директорот на АМС рече дека се надева дека овие наши спортисти со поддршката што ја дава АМС ќе продолжат да постигнуваат врвни светски резултати со што сите ќе нѐ направат горди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…