Утре македонската фудбалска репрезентација го игра натпреварот од третото коло во Лигата на Нации, а противник ќе биде селекцијата на Грузија.
Селекторот на Грузијците, Вили Сањол денес ја одржа и официјалната прес-конференција пред овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурно сте свесни дека имаме болно сеќавања од последниот натпревар против Македонија и каков ефект имаше тој натпревар врз целата нација. Сепак, тоа што се случи пред една ипол година нема многу значење за мене затоа што не бев тука. Сметам дека не треба да се враќаме и да мислиме што било пред повеќе од една година. Поважно е тоа што се случува во овој циклус и мислам дека ако го повториме нивото на игра од последниот натпревар дома ќе си одиме со добри спомени“, изјави селекторот Сањол
Сањол потврди дека сите во репрезентацијата се спремни да настпат и да помогнат на репрезентацијата.
Натпреварот против Грузија е закажан за утре во вечерниот термин од 20:45 часот.