Англискиот селектор, Герет Сутгејт повика на внимателност пред натпреварите на неговата репрезентација против Македонија и Малта во следниот циклус од квалификациите за Еуро 2024.
Саутгејт имаше предавање на „Лаусунд скул“ каде што 11 студени беа во улога на новинари и му поставуваа прашања поврзани со нациоанлниот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Англија има за цел да биде европски шампион на следното Европско првенство во Германија и затоа сакаме да продолжиме со победите. Сепак, нема да биде лесно, посебно не против Македонија. Можеби е чудно, но Англија на домашен терен никогаш не ја победила Македонија.
Тоа е репрезентација која ја елиминираше Италија во баражот за Светското првенство во Катар. Дефнитивно дека нема простор за потценување, не сакам ниту да помислам дека ќе имаме лесна задача“, изјави Саутгејт.
Овој циклус ќе биде проблематичен за селекторите затоа што доаѓа по завршена сезона кога фудбалерите се исцрпени од предизвиците во текот на сезоната.