Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт смета дека неговата селекција располага со еден од најдобрите напади во светот, кој сее страв кај противниците.
Хари Кејн веќе има 25 гола на 40 меча за репезентацијата, а друштво во нападот му прават Рахим Стерлинг и Маркус Рашфорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тука се уште и талентот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, „бисерот“ на Челзи, Ходсон-Одој, како и Џеси Лингард.
„Мислам дека располагам со еден од најдобрите напади во светот. Помнам дека кога гостувавме во Шпанија мислев дека ќе ни биде многу тешко, но кога го видов нашете напаѓачко трио почувствував дека сме многу силни“, истакна Саутгејт.
„Покрај тоа ги имаме Санчо и Ходсон-Одој, кои имаат сериозни квалитети. Кога ги гледам натпреварите ги забележувам брилјантните нешта кои ги прават моите напаѓачи, нешто што другите репрезентации го немаат“, додаде секторот на Англија.