Дома Трансфер зона Саудијците потврдија: Преговаравме со Роналдо

Саудијците потврдија: Преговаравме со Роналдо

Фахад Бен Нафел, претседателот на клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија потврди дека во текот на летото имале контакт со Кристијано Роналдо.

Кон крајот на август се пишуваше дека овој клуб е спремен да понуди дури 236 милиони евра за доаѓање на Португалецот, тогаш информациите беа дека Роналдо ја одбил оваа понуда. Меѓутоа сега Бен Нефел открива дека причината што пропаднал трансферот е нешто друго.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Да, преговаравме со Роналдо. Парите не беа проблем, Ал Хилал може да ги доведе светските ѕвезди без проблем. Проблемот беше што Центарот за спортска арбитража не спречи да регистрираме играчи.

 Ние не престанавме да преговараме со играчите без оглед на забраната, но ја одложувавме финалната фаза на преговорите додека забраната не се укине. За жал тоа не се случи“, изјави првиот човек на Ал Хилал.

Роналдо на крајот остана во Манчестер Јунајтед со кој игра во Лигата на Европа, меѓутоа последните натпревари во Премиер лигата ги започнуваше од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…