Репрезентацијата на Англија одигра само 1:1 во квалификациите за Светското првенство против Полска.
Селекторот Герет Саудгејт после овој меч се најде на удар на англиската јавност затоа што не направил ниту една замена, такво нешто Англичаните не паметат во претходните 25 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлуката на Саудгејт посебно изненадува затоа што во овој момент селекторите имаат дозвола да направат пет измени.
„Знаев дека мојата одлука ќе се коментира. Но, има причина зошто се одлучив на такво нешто. Доминиравме и ја контролиравме играта, мислев дека ако променам нешто ритамот ќе се наруши. Зошто да смениме нешто ако изгледаме добро на теренот?“ – изјави Саудгејт.
Меѓутоа Англија и по ова реми е сигурна на првата позиција со четири бода повеќе од Албанија и пет во однос на Полска.