Дома Фудбал Англија Сари: Ќе се бориме за Топ 4, ништо повеќе од тоа!

Сари: Ќе се бориме за Топ 4, ништо повеќе од тоа!

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари уште еднаш потврди дека „сините“ немаат никакви шанси за титулата оваа сезона.

Гвардиола го вклучи и Челзи во борбата за титулата, но Сари не се согласува со оглед на фактот што неговиот тим заостанува 12 бода зад Манчестер Сити и Ливерпул.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Не мислам дека имаме шанси и дека сме во трка за титулата. Ќе се бориме за место во Топ 4, но ништо повеќе од тоа. Се разбира дека можеме да освоиме некој трофеј, но битката за титулата во Премиер лигата е помеѓу Сити и Ливерпул. Во моментов сметам дека Сити е најдобриот тим во Европа“, истакна Сари, а потоа го пофали Игуаин.

„Мислам дека Гонзало е фантастичен фудбалер. Тој постигнува голови каде и да игра. Притоа сметам дека тој е идеален партнер на Еден Азар“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Teшки критики за Хрватот: Си замина најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон. Хрватскиот стратег го напушти клубот откако о…