Дома Фудбал Англија Сари: Полесно се стига до финалето во Лига на шампионите, отколу до финалето во Лига Купот

Сари: Полесно се стига до финалето во Лига на шампионите, отколу до финалето во Лига Купот

Два клуба од Премиер лигата се дел од овогодинешното полуфинале во Лигата на шампионите, а ако го слушате Маурицио Сари тогаш ова натпреварување нема голема тежина.

Ливерпул и Тотенхем ќе играат против Барселона и Ајакс и ќе имаат можност да се изборат за англиско финале. Меѓутоа италијанскиот стратег од клупата на Челзи не е премногу импресиониран од тој податок.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сари даде чудна изјава која може да се каже и дека наиде на потсмев во фудбалската јавност.

Неговиот Челзи изгуби во финалето на Лига Купот (Карабао купот), а сега Сари верувале или не изјави дека потешко е да се стигне до финалето во ова натпреварување отколку до финалето во најелитното европско натпреварување.

„Англискиот фудбал пред во Премиер лигата е навистина тежок. Ако сакате да играте финале во Лига Купот вие морате да се соочите со Ливерпул, Тотенхем…Ние во финалето игравме против Манчестер Сити. Навистина мислам дека е полесно е да стигнете до финалето во Лигата на шампионите, отколку до финалето на Лига Купот“, гласеше изјавата на Сари со која привлече големо внимание.

Како што споменавме поголемиот дел од јавноста со потсмев ја коментира оваа изјава на Италијанецот, бидејќи никој не верува дека едно домашно натпреварување кое и да било може да има поголема тежина од натпреварувањето во кое се дел најдобрите клубови на „Стариот континент“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…