Дома Фудбал Англија Сари за Кепа: Го плати долгот кон тимот и клубот, но се уште не знам кога ќе брани

Сари за Кепа: Го плати долгот кон тимот и клубот, но се уште не знам кога ќе брани

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага уште некое време можеби ќе биде надвор од терените поради одлуката да не го напушти теренот во финалето од Лига Купот против Манчестер Сити.

Тренерот на Челзи Маурицио Сари изгледа уште некое време ќе го „држи“ под казна својот прв чувар на мрежата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе потсетиме, вчера на голот на Челзи во натпреварот против Тотенхем беше Вили Кабаљеро кој ја зачува својата мрежа во победата против Тотенхем од 2:0.

После натпреварот Сари потврди дека не е сигурен дали Кепа ќе брани во наредниот натпревар.

„Мислам дека одлуката да го оставам на клупата беше правилна бидејќи направи голема грешка. Ја плати цената кон клубот и кон тимот и мислам време да престане да се зборува за тоа. Не знам дали во следниот натпревар ќе биде на теренот, но во еден од наредните два ќе биде сигурно“, изјави Сари.

Челзи во следниот натпревар ќе игра против тимот на Фулам.

Во овој случај со Кепа се откри и едно интересно правило во фудбалот кое ретко кој го знаеше.

Имено, играчот или во овој случај голманот  има право да ја одбие измената, а доколку судијата утврди дека тој може да игра, тогаш се почитува одлуката на играчот, а изгубеното време како и во секоја ситуација се надополнува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…