Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари е одлучен во јануари да го реши најголемиот проблем во неговиот тим – класичен напаѓач.
„Сините“ играат навистина одлично оваа сезона и се без пораз, но класичните напаѓачи не се за пофалба. Жиру и Мората заедно постигна три погодоци, односно сите три беа дело на Мората.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жиру повеќе асистира, но јасно е дека на Сари му е потребен гол-играч и во јануари изгледа тоа ќе биде неговата главна цел.
Според информациите од Островот, Сари гледа кон Серија А, а таму е воодушевен од Пиатек кој за Џенова во досегашниот дел од првенството постигна девет погодоци.
Второто име на листата е навистина спектакуларно – Мауро Икарди! Сепак, тешко е да се верува дека Интер ќе се откаже од својаот капитен во Јнаури, а доколку има некакви шанси тоа да се случи на „сините“ потребна им е висока понуда.
Ќе потсетиме изминатото лето Икарди многу се поврзуваше со Реал Мадрид кој оваа сезона има проблем со ефикасноста, па не е исклучена можноста „кралевите“ да се вратат по Аргентинецот.
Поради ваквата ситуација, многу по реално е Челзи да го нападне Пиатек од Џенова кој е најголемото пријатно изненадување во Европа оваа сезона.
DailyMail – Chelsea eye January moves for Mauro Icardi and Krzysztof Piatek https://t.co/hROri96Pla
— Tanya chelsea fc (@Tanyachelseafc) October 22, 2018