Фудбалерите на Челзи вечерва на свој терен го играат големото дерби против Тотенхем во рамките од 28-то коло во англиската Премиер лига.
„Сините“ после натпреварот од финалето во Лига Купот каде што беа поразени од Манчестер Сити не се баш во најдобра атмосфера. За се е виновен младиот голман Кепа Аризабалага кој во натпреварот против Манчестер Сити ја игнорираше наредбата на Маурицио Сари да го напушти теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сари после натпреварот тврдеше дека се работи за недоразбирање.
„Мислев дека Кепа не е спремен за пенали. Сакав Кабаљеро да влезе на терен бидејќи се плашев дека Кепа ќе има грчеви. Но, докторот ми објасни дека не се работи за грчеви. Морам да разговарам со него и тој мора да разбере дека поради ваквите сцени ќе имаме проблем во медиумите. Беше тоа големо недоразбирање. Кепа беше во право, но на погрешен начин тоа го покажа“.
Такво нешто објасни и Кепа во своето соопштение.
„Како прво би сакал да кажам дека жалам за начинот на кој натпреварот се заврши. Не ми беше намера да одбијам било каква одлука на теренот. Мислам дека во прашање беше недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во состојба да го продолжам натпреварот, а мојата намера беше да му објаснам дека сум во состојба да помогнам да на тимот. Недоразбирањето траеше додека докторите кои ми помогнаа не отидоа до клупата тоа да му го пренесат на нашиот тренер. Имам голема почит кон Сари и неговиот авторитет“, стоеше во соопштението на Кепа.
Во овие објави и така ретко кој веруваше, а сомневањата веројатно се потврдија вечерва кога Кепа остана на клупата во натпреварот против Тотенхем.