Алексис Санчез и Хенрих Михтариан, кои во секој момент треба да ги финализираат трансферите во Манчестер Јунајтед и Арсенал, пред ден час двајцата заедно пристигнаа во Ливерпул.
Причината за тоа е што Чилеанецот и Ерменецот треба лично да ја посетата емиграционата служба во Ливерпул, за да добијат работна дозвола за Белика Британија. Токму таа административна процедура ја забавува официјализацијата на двата трансфери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играчите треба лично да поднесат виза за работна виза, доставувајќи го сертификатот од новите клубови. Се очекува Санчез и Михтаријан да немаат никакви проблеми при вадењето на новите дозволи, бидејќи и двајцата извесно време играат во Премиер лигата.
Доколку се биде готово до крајот на работниот ден, трансферите ќе бидат официјализирани за неколку часа. Во спротивен случај официјализацијата ќе биде одложена за утре.