Лерој Сане го одби Баерн Минхен, па одработи тренинг во дресот на ПСЖ.
Иако Баварците беа спремни да го донесат во своите редови, Сане одлучи да одбие било каква понуда од Минхен, бидејќи не сака да се врати во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, се уште не е исклучена можноста да го напушти Сити. Граѓаните се спремни да го продадат за 100 милиони евра и доколку пристигне таква понуда, германскиот фудбалер лесно може да замине.
Иако не се поврзуваше со француски ПСЖ, Сане за време на тренинг го облече дресот на овој тим, но нормално дека постои објаснување за сето тоа.
Дресот од ПСЖ му го поклонил некој од репрезентацијата на Германија кој игра во овој клуб. Веројатно се работи за Тило Келер, кој ја коментираше фотографијата на Сане.
„Убав дрес.“ – напиша Келер.
Кој знае, можеби на крајот Сане и ќе го облече дресот на ПСЖ, посебно ако се знае дека англискиот првак е спремен да го продаде.
Минатата сезона германскиот фудбалер одигра вкупно 47 натпревари за Сити и имаше скор од 16 погодоци и 18 асистенции.