Дома Македонски спорт Мак фудбал Самсоненко потврди: Го враќам ФК Вардар на Град Скопје!

Самсоненко потврди: Го враќам ФК Вардар на Град Скопје!

Сергеј Самсоненко по откажувањето од РК Вардар, денес преку соопштение потврди и дека се откажува и од ФК Вардар.

Од неодамна беше потврдено дека РК Вардар ќе се врати кај Михајло Михајловски, додека не се знаеше што ќе биде со фудбалскиот клуб. Денес и оваа ситуација се разјасни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преку официјалниот сајт на клубот Самсоненко испрати соопштение во кое потврдува дека ФК Вардар ќе се врати на Град Скопје.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати.

Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата. Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство.

Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на Ковид – 19 од која сериозно е погоден целиот свет. 

Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти не водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси. Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години“

Спортски поздрав,
Сергеј Самсоненко

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…