Дома Фудбал Англија Салцбург не го пушта директорот во Челзи

Салцбург не го пушта директорот во Челзи

Челзи е во потрага по нов спортски директор, а медиумите шпекулираа дека се е договорено со Кристоф Фројнд кој моментално ја извршува истата функција во Салцбург.

Англиските медиуми објавија дека двете страни се договориле, па останало само официјално да се потврди соработката, но таа очигледно нема да се случи.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


45-годишниот Фројнд е спортски директор од 2015 година и има репутација на откривање на таленти. Пред три години токму тој го донесе Халанд од Молдеи затоа Челзи сакаше да го ангажира.

По шпекулациите се огласи и првиот човек на Салцбург, Стефан Ројтер.

„Кратко и јасно, тој не оди никаде“, кажа Ројтер.

Фројнд има договор со Салцбург до 2026 година, а во клубот сакаат да остане барем до крајот на својот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…