Дома Фудбал Англија Салах: Би ги менувал сите награди за да го преиграм дуелот со Реал

Салах: Би ги менувал сите награди за да го преиграм дуелот со Реал

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека е спремен да ги смени сите индивидуални награди кои ги освои сезонава за можноста повторно да одигра финале во ЛШ против Реал Мадрид.

Салах беше прогласен за плејмејкер на сезоната во Премиерлигата, а ја подели и „Златната копачка“, затоа што имаше ист број голови со Хеунг-мин Сон од Тотенхем.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот Ливерпул загуби во финалето од ЛШ од Реал Мадрид, а Салах би дал се за да може да го преигра тој натпревар.

„Нема да заборавам дека добив награди од новинарите и навивачите. Сепак, би ги менувал сите признанија за шансата повторно да го одиграм финалето во Лигата на шампиони“, кажа Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеналот на Бејрактаревиќ за историја: Еве како Босна ја елиминираше Италија и се пласираше на Светското првенство (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина успешно го обезбеди своето место на Свет…