Веќе неколку години астрономските трансфери и плати на фудбалерите станаа тренд. Јавноста во 2016 година беше изненадена кога Погба премина во Манчестер Јунајтед за 110 милиони евра, а ова лето видовме трансфер од 222 милиони евра.
Погба, кој моментално заработува 290.000 фунти неделно во Јунајтед, оваа сезона игра под своето ниво. Неодамна се појавија информации дека не е задоволен од односот со Жозе Мурињо и дека поради тоа на лето би можел да го напушти „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот стратег нормално тоа веднаш го демантираше, а сега се појавија нови информации покажуваат дека сепак постои проблем поради кој Французинот не е задоволен.
Имен, от кога во јануари Алексис Санчез потпиша за Јунајтед, Погба повеќе не е најплатен фудбалер во клубот, со оглед на фактот дека Чилеанецот заработува 350.000 фунти неделно.
Тој податок особено му смета на агентот на Французинот, контраверзниот Мино Раиола, кој почна да го убедува да го промени клубот на лето.
Раиол наводно веќе започнал преговори со челниците на Реал Мадрид за евентуален трансфер, па сега останува да видиме како на тоа ќе реагираат челниците на Манчестер Јунајтед.