Дома Фудбал Останато Три земји ќе бидат домаќини на Мундијалот во 2026

Три земји ќе бидат домаќини на Мундијалот во 2026

Мексико, САД и Канада подготвуваат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во фудбал во 2026 година, објавија националните федерации од регионот на Средна и Северна Америка.

Според континенталната ротација на ФИФА, Мундијалот во 2026 година би требало да се одржи во овој регион, бидејќи последен пат во Северна Америка, Светското првенство се одржа во 1994 година во САД.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку кандидатурата биде прифатена тоа ќе биде прв пат три држави да го организираат Мундијалот, кој во 2026 ќе биде историски, бидејќи ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации.

Официјалниот процес за поднесување на кандидатурите започнува кон крајот на 2017 година.

Инаку до Мундијалот во 2026 година, ќе се одиграат светските првенства во Русија (2018) и Катар (2022).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…