Љубителите на фудбалот ова лето ви можеле да бидат уверени дека Пјер-Емерик Пбамејанг ќе ја напушти Борусија Дортмунд, но како што преодниот рок влегува во својот финиш, се повеќе се оние кои мислам дека овој фудбалер ќе остане во германскиот клуб.
На почетокот на летниот преоден рок се појавија многу шпекулации дека Обамејанг ќе го напушти Дортмунд и својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ. Францускиот тим беше спремен да плати 70 милиони фуни за овој напаѓач, но нивната понуда беше одбиена по што челниците на ПСЖ се насочија кон трансферот на Нејмар што на крајот се оствари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Обамејанг во текот на изминатите седмици беше поврзуван со многу клубови, а дури се споменуваше дека може да замине и во Кина. Сепак, на крајот од сето тоа не испадна ништо, а откако започна новата сезона во Бундеслигата, навивачите на Дортмунд беа убедени дека нивниот најдобар фудбалер ќе остане во клубот и оваа сезона.
Но, Габонецот успеа да ги налути фановите на германскиот клуб со својата последна изјава. Обамејанг призна дека се уште не одлучил за својата иднина, и дека секојдневно си го поставува прашањето што треба да направи до крајот на овој преоден рок.
„Уште размислувам дали да останам или да заминам. Ова прашање ми се повторува веќе долго време и се уште не го знам одговорот. Ми треба малку време да размислам за се. Ако сакам да напредувам тогаш е јасно дека морам да го променам клубот ова лето. Имам 28 години и време е за исчекор. Ако заминам тогаш тоа сигурно ќе биде некој клуб во којшто редовно ќе играм“, истакна Обамејанг.
Навивачите на Борусија Дортмунд ги „преплавија“ социјалните мрежи со објави по оваа изјава. Сите го осудија Габонецот бидејќи се бесни затоа што размислува да замине на крајот на преодниот рок, кога Дортмунд нема да има време да ја пронајде неговата замена. Се чини дека оваа трансфер сага дури сега го означува својот почеток.