Дома Фудбал Италија Савиќ ја воодушевува Италија, а сега доби пофалби и од миленикот на „аѕурите“

Савиќ ја воодушевува Италија, а сега доби пофалби и од миленикот на „аѕурите“

Лацио има вистински „бисер“ во своите редови, но кога пофалбите ќе стигнат од еден од најголемите фудбалери кои некогаш настапувале во Серија А тогаш сигурно правите нешто неверојатно.

Сергеј Милинковиќ Савиќ игра фантастично оваа сезона во италијанското првенство, пофалби добива од сите страни, а сега воодушевен од настапите на Савиќ остана и големиот Алесандро Дел Пиеро.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Додавањето до Каиседо при постигнувањето на вториот погодок, беше чиста генијанлост. Тој почуствува што ќе се случи и на фантастичен начин го проигра својот соиграч. Савиќ е неверојатен фудбалер кој би го препорачал на сите“, изјави миленикот на Италија и иконата на Јувентус, Дел Пиеро.

Советите од Дел Пиеро со задоволство би ги послушал и неговиот поранешен клуб, Јувентус, но баш и не им оди во намерата да стигнат до потписот на Сергеј. Понудата која Јувентус ја испрати во текот на летото сега изгледа смешна. Имено, од Лацио потврдија дека одбиле и двојно поголеми понуди.

Од Лацио истакнаа дека Савиќ во овој момент вреди 100 милиои евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…