Дома Фудбал Останато Савиќевиќ збесна во ТВ емисија – се расправаше како да е пред маалска продавница! 🎥

Савиќевиќ збесна во ТВ емисија – се расправаше како да е пред маалска продавница! 🎥

Поранешните црногорски фудбалски асови, Дејан Савиќевиќ и Дејан Пековиќ Џаја, влегоа во жестока вербална расправија за време на нивното гостување во една црногорска телевизиска емисија.

Савиќевиќ, кој го води Фудбалскиот сојуз на Црна Гора веќе повеќе од две децении, се судри со Пековиќ Џаја, кој го критикува неговото раководење. Во оваа дебатна емисија, двете фудбалски легенди изнесуваа свои аргументи и ставови, сè до моментот кога Пековиќ Џаја го спомна поранешниот селектор на У21 репрезентацијата на Црна Гора, Мојаш Радоњиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На оваа провокација, Савиќевиќ збесна и го спушти нивото на разговор почнувајќи да го дискредитира својот соговорник за неговата кариера како играч, додека пак Џаја се бранеше со аргументи дека на само 23 години и давал голови на Барселона, но подоцна се соочил со здравствени проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хорор: Погледнете одблиску како изгледа комбето во кое загинаа навивачите на ПАОК (Видео)

Фудбалскиот свет беше потресен пред десетина дена од трагедијата која се случи во Романија…