Ракометарите на Вардар испишаа историја и по втор пат во три години го освоија трофејот во Лигата на шампиони.
„Црвено-црните“ херои ја израдуваа нацијата која синоќа им приреди грандиозен пречек, а честитки стигнаат од сите страни.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Честитка пристигна и од Ракометната федерација на Македонија, која посакува успешната приказна на Вардар да продолжи со нови достигнувања.
„Момци,
Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија.
Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, ислниот тимски дух, единството во составот и карактерот!
Нека два пати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја.
Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“, пишува во соопштението на РФМ.