Тренерот кој ја води Струга, Наум Танески е избран за нов селектор на кадетската репрезентација за квалификациите за ЕП 2024 година.
„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации, Управниот Одбор на Ракометна Федерација на Македонија донесе Одлука за именување на г-дин Наум Танески за тренер/селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван г-дин Миле Бочкаровски“, објавија од Ракометната Федерација на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кадетската машка репрезентација на Македонија ќе игра на квалификациски турнир кој ќе се одржува периодов од 04.01.2024 до 08.01.2024 година. На овој турнир ќе учествуваат селекциите на Косово, Швајцарија и Словачка. Најдобрите две од групата ќе се пласираат на Европското првенство во 2024 година во Црна Гора.
Квалификациските натпревари ќе се играат во Скопје во спортскиот центар „Автокоманда“.