Дома Фудбал Останато Руни: Се чудевме кога Фергусон ни кажа како ќе играме против Барселона

Руни: Се чудевме кога Фергусон ни кажа како ќе играме против Барселона

Вејн Руни откри дека неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед се зачудиле кога Сер Алекс Фергусон ја соопштил тактиката за финалето во Лигата на шампионите во 2009 година против Барселона.

Тогаш Јунајтед во Рим играше финале со Барселона која во нападот ги имаше Самуел Ето, Тиери Анри и Лионел Меси, додека на клупата седеше Пеп Гвардиола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фергусон одлучи да ја нападне Барселона бидејќи сметал дека одбраната е нејзина наслаба точка. На крајот со 2:0 победи шпанскиот тим.

„Кога стигнавме во финалето тој ни кажа: Ние сме Манчестер Јунајтед и нема да се браниме во финале во Лигатан а шампионите. Ќе одиме да ги нападнеме и ќе го направиме тоа на вистински начин. Ние си седевме и си мислевме: Ох, сра*е. Фергусон зборуваше да ги нападнеме, а ти гледаш во нивниот тим имиња како Меси, Ето, Анри…“, изјави Руни.

Во тоа финале Барселона поведе со 1:0 преку Ето уште во 10. Минута, а конечните 2:0 ги постави Меси во 70. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…