Вејн Руни во колумна за „Сандеј Тајмс“ се потсети на одличната јуниорска генерација која ја имал Манчестер Јунајтед во 2010 година.
За таа генерација на Јунајтед помеѓу останатите играа Пол Погба и Џеси Лингард кои денес се стандадни членови на сениорскиот тим на „црвените ѓаволи“. Со нив играше и Равел Морисон, неверојатно талентиран фудбалер на кого му предвидуваа голема кариера. Играч со страшен дриблинг и една од главните ѕвезди во тој јуниорски тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Беше за класа подобар играч од Погба и од Лингард. Се сеќавам дека го гледав на тренинзите и мислев дека сигурно ќе стане голем играч. Правеше што сака, Видиќ го дриблаше по три пати во една минута, правеше будала од него“, пишува Руни.
И додека Погба стана светски шампион со Франција, а Лингард англиски репрезентативец. Морисон до неговите 27 години промени 11 клубови и никаде на успеа да се наметне. Јунајтед во 2012 година го продаде на Вест Хем кој го испрати на три позајмици, а потоа во 2015 година го продаде во Лацио. После уште две позајмица се пресели во шведски Остерсунд во 2019, па во Шефилд, во овој момент е позајмен во Миделсброу.
„За жал неговиот бурен живот го спречи да направи голема кариера. Равел беше подобар од сите во таа јуниорска генерација, но погледнете денес каде е тој, а каде се Погба и Лингард. Морисон е доказ дека само талентот не е доволен и дека не можете да успеете ако не водите спортски живот. Видете го Гери Невил. Гери, не е фантастичен фудбалер, но секој тренинг беше највреден од сите, максимално се трудеше и успеа да направи голема кариера. Сер Алекс во една прилика ни кажа дека најтешко од се во животот е секој ден напорно да работите“, раскажа Руни.